По речиси две недели на енормно аерозагадување, воздухот во Македонија конечно се расчисти поради временските прилики. Мерните станици покажуваат дека нивото на загаденост е ниско.
Сепак, земјава останува меѓу најпогодените од загадувањето на воздухот, односно има најмногу смртни случаи како последица на загадениот воздух. Во моментов, сите земји на ЕУ пријавуваат нивоа на азот диоксид над препорачаните нивоа од светската здравствена организација, но некои се посилно погодени од загадувањето на воздухот од другите.
Најмногу смртни случаи од загадувањето има Македонија, а по неа е Србија. И соседните Албанија, Бугарија и Црна Гора имаат премногу високи оценки, според неодамнешниот извештај на европската комисија и организацијата за економска соработка и развој, јавува Еуроњуз.