Фирмата „Еуромакс Ресоурцес“ денеска поднесе тужба до Управниот суд, против решението од второстепената државна комисија, со кое ја одби жалбата на „Еуромакс“, информираат од фирмата.
„Ние сме уверени во правната позиција на Еуромакс Ресоурцес и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница како и за економијата на целата државата. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики – рекол Варшан Гокул, претседател и извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“.
Владата во јули го одби барањето на „Еуромакс“ за издавање дозвола за рудникот, со образложение дека компанијата не ги исполнила законските услови за вршење на експлоатација.
Жителите на струмичко Босилово, не сакаа експлоатација на бакар и злато во Иловица и Штука и постојано протестираа.