Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа тимот на Алкалоид со 32:28 и ја одбранија титулата во домашната Суперлига.
Битолчани денеска во последниот меч сезонава во дербито со Алкалоид не дозволија нов пораз како оној во купот.
Пелистер уште во првото полувреме успеа да направи разлика и на полувреме заминаа со високи 5 гола предност (18:13).
Скопскиот тим се врати во игра во вториот дел и во финишот на мечот намали на само два гола негатива.
Сепак, битолчани не дозволија нова сензација и до крајот дојдоа до посакуваниот триумф што им ја носи осмата титула во шампионатот.
Најефикасни во победничкиот состав со по 6 гола беа Радивојевиќ и Манасков.
Кај Алкалоид Дамјан и Марко Митев постигнаа исто така по 6 гола.
Ракометарите на Вардар во последниот меч со 31:25 го победија Бутел, доволно само за второто место на конечната табела.