506
Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23:22 (полувреме 12:12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп.
На дуелот одигран во „Билјанини извори“, битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3:0 во последните три минути стигнаа до победата.
Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ.
За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј од почетокот на сезоната. Во август тие победија на Меѓународниот турнир во Струга.
Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.