Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите на северот на Косово била вознемирена од „присуството на вооружени луѓе, често маскирани поединци и групи“.
Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.
„За време на нашите патроли на терен, бевме сведоци на вознемирувачко присуство на вооружени мажи, често маскирани поединци и групи, на северот на Косово. Ова е неприфатливо. Сведоци сме на поставување дополнителни барикади, кои мора веднаш да се отстранат. Тие се нелегални и ја попречуваат слободата на движење. Покрај овие грижи, загрижува и криминалот на северот на Косово. Безбедносниот вакуум создаден по оставката на полицајците, косовските Срби, може да го користат криминалните групи. Останува на органите на прогонот да го спречат тоа“, изјави од мисијата на ЕУ за приштинските медиуми.
Во координација со КФОР, формираната полициска единица на ЕУЛЕКС и резервната полициска единица продолжуваат со теренските патроли на северот на Косово, вклучувајќи пешачки патроли во северна Митровица и Звечан.
Во рамките на својот мандат и капацитет, ЕУЛЕКС е поддржувач на ваквите превентивни мерки, но вели дека тие не можат да ја заменат косовската полиција, што е прв безбедносен одговор, соопштија од полициската мисија на ЕУ во Косово.