ЕУЛЕКС не може да ја преземе улогата на полицијата

by Fokus

ЕУЛЕКС не може да ја преземе улогата на косовската полициска служба на северот на Косово, бидејќи нејзиното движење е исто така ограничено, но се обидува да остави впечаток на безбедност на доминантно српското население со зголемување на патролите, изјави шефот на оваа мисија Ларс. Гунар Вигемарк.

Тој посочува дека ваквата состојба не е одржлива и не смее да продолжи до бескрај.

– Како што знаете, има многу блокади, а затворени се и два гранични премини. Поради оваа состојба слободата и движењето на луѓето се многу ограничени – рече Вигемарк.

Тој посочи дека на 8 ноември, кога повеќе од 500 српски полицајци од северот на Косово поднесоа оставки, се отвори безбедносен вакуум.

Вигемарк нагласи дека ЕУЛЕКС тројно ги зголемил своите сили, но дека не е надлежен да ја преземе контролата на север наместо косовската полиција и дека барикадите треба да се отстранат на мирен начин.

На прашањето дали има потреба припадниците на косовската полициска служба да бидат присутни на северот на Косово со оклопни возила и автомацко оружје, Вигемарк рече дека секоја полициска акција мора да биде пропорционална со ситуацијата на теренот.

Поврзани новости