Првите луѓе на Европската унија по денешниот состанок во Брисел, кој беше итно свикан, откако британците референдумски одлучија да ја напуштат Унијата, порачаа дека жалат за излезот на Велика Британија, но истовремено убедуваат дека опстанокот на ЕУ не е доведен во прашање.
Претседателите на Европскиот совет и парламент, Доналд Туск и Марк Рут и претседавачот со Европската комисија Клод Јункер на крајот и порачаа на Велика Британија, што поскоро да ја напушти Европската унија.
„Сега очекуваме владата на Велика Британија да ја спроведе на дело одлуката на британскиот народ, што е можно побргу, независно од тоа колку болен може да биде тој процес. Секое доцнење непотребно ќе ја продолжи неизвесноста. Имаме правила кои јасно го уредуваат ова прашање“, наведоа европските дипломати.
Тие истакнаа дека останатите 27 земји членки заеднички ќе ги решаваат понатамошните предизвици и изразија надеж дека Велика Британија и во иднина ќе остане близок партнер на Европската Унија.