Европската Унија очекува од новите власти во Северна Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат, рече денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.
Тој рече дека вчера имале изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва.
-Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ, вели Стано.