421
Владите на државите членки на Европската унија денеска се договорија за деветтиот пакет санкции против Русија поради нападот на Москва врз Украина, објавија дипломати на ЕУ.
Пакетот ќе биде формализиран преку она што ЕУ го нарекува „писмена процедура” до утре напладне.
„Санкциите се договорени. Писмена процедура до утре напладне”, изјави еден од дипломатите.