Во 12. пакет санкции против Русија, ЕК предлага воведување рестриктивни мерки, меѓу другото, и против синот на заменикот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Илја Медведев е мета на Европската комисија за наводно организирање дезинформативна и пропагандна кампања во Украина.
Меѓу 47-те лица против кои Комисијата сака да воведе санкции, е и роднината на рускиот претседател Владимир Путин, Ана Цивилева, која ја предводи фондацијата „Бранителите на татковината“, која ги поддржува руските војници кои се борат во Украина, објави Гардијан врз основа на документ до кој имал пристап.
Во срцето на предлогот, кој лидерите на ЕУ допрва треба да го одобрат на следниот самит во декември, е целосна забрана за продажба на руски необработени дијаманти во Европската унија, што би можело да ги намали приходите на Русија за повеќе од 4,5 милијарди евра.