ЕУ во моментов не може да испорача вакцини за посиромашните земји

by Фокус

Европската унија во моментов не може да донира вакцини против коронавирус на посиромашните земји, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

-Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе -Фон дер Лајен за „Функе медиа груп“.

Шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата Ковакс и напорите на Светската здравствена организација да им се обезбеди пристап до вакцините на посиромашните земји.

-Европската унија инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји – рече Фон дер Лајен.

Поврзани новости