ЕУ, В. Британија, Франција, Германија и САД со остра осуда за нападот на Хамас врз Израел

by Fokus

Европската унија (ЕУ) остро го осуди денешниот напад во кој палестинската вооружена група Хамас го нападна и бомбардира Израел. Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека е „шокиран од нападите утринава на терористите на Хамас врз израелски граѓани“. Тој на социјалната мрежа Х напиша дека Израел има апсолутно право да се брани.

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги осуди нападите, велејќи дека „изразува целосна солидарност со жртвите, нивните семејства и најблиските“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека „насилството и ракетите врз невините цивили мора да престанат сега“. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша нападот како „тероризам во неговата најодвратна форма“.

САД го осудија насилството и ги повикаа двете страни да се воздржат од одмазда.. Рускиот заменик министер за надворешни работи рече „се подразбира дека секогаш повикуваме на воздржаност“. Реагираше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Поврзани новости