ЕУ: Таканаречената инаугурација на Лукашенко е без легитимитет

by Fokus

Европската Унија соопшти дека новиот мандат на Александар Лукашенко на местото претседател на Белорусија нема демократски легитимитет.

ЕУ повтори дека претседателските избори во Белорусија, што се одржаа на 9 август не биле ниту слободни ниту фер и оти ЕУ не ги признава фалсификуваните резултати.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел истакна дека вчерашната така наречена инаугурација на Лукашенко е спротивна на волјата на голем дел од Белорусите и оти тоа служи само за понатамошно продлабочување на политичката криза во Белорусија.

– Ставот на ЕУ е јасен: белоруските граѓани имаат право слободно да ги изберат тие кои ќе ги застапуваат на нови инклузивни, транспарентни и веродостојни избори, истакна Борел.

Поврзани новости