ЕУ со нова рунда санкции против Русија

by fokus

Европската унија утре најверојатно ќе усвои нова рунда санкции против Русија по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Бон.

– Новите санкции веројатно ќе бидат усвоени утре, изјави тој денеска за радиото РФИ, додавајќи дека ЕУ треба брзо да дејствува и за увозот на гас и јаглен од Русија.

Русија негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча. Нејзиниот претставник во ОН, Василиј Небензја, рече дека Русија денеска ќе претстави „емпириски докази“ до Советот за безбедност на ОН што покажуваат дека нејзините сили не биле вклучени во злосторства.

Поврзани новости