ЕУ смее да им ги крати фондовите на Унгарија и Полска зашто ги кршат човековите права

by fokus

Европскиот суд на правдата денеска по жалбата на Полска и Унгарија пресуди дека Европската унија има право да им ги ускрати европските фондови на земјите-членки кои ги кршат слободите и владеењето на правото.

-Судот во целост ги отфрла жалбите поднесени од Полска и Унгарија. Кога станува збор за демократските принципи, Европската унија мора да ги брани тие вредности во рамките на своите овластувања, соопштија од Европскиот суд.

Полска и Унгарија тврдеа дека механизмот не обезбедува правна сигурност и ги нарушува договорите на Унијата.

Според мехнизмот, Унијата може да го суспендира или намали финансирањето од ЕУ за земјите-членки поради недостатоци во владеењето на правото кои влијаат или сериозно ризикуваат да влијаат врз финансиските интереси на ЕУ на „доволно директен начин“.

Поврзани новости