429
На новинарски брифинг денеска во Брисел од страна на Советот на ЕУ беше укажано дека сѐ уште не се знае кога би се отвориле надворешните граници на ЕУ поради пандемијата со новиот корона вирус, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претставниците на земјите-членки на ЕУ се состануваат секоја недела и го проценуваат развојот на состојбата со вирусот.
За сега фокусот е ставен на отворањето прво на внатрешните граници на ЕУ.
– Точно е дека ова е големо прашање, јасно е дека станува проблем бидејќи одморите се ближат, и е проблем и за Западен Балкан, но за сега нема одлука, главен приоритет се санитарните преокупации, но темата се разговара секоја недела, изјави висок дипломат на ЕУ.