Шефовите на дипломатите на на 27-те држави од ЕУ се согласни да подготват список на лица во Белорусија кои ќе бидат санкционирани, но целите и обемот на мерките против режимот на Александар Лукашенко допрва треба да се утврдат.
Германија, Австрија и Шведска веќе побараа итни санкции, со што вкупно девет земји членки на ЕУ бараат ограничувања за режимот на претседателот Лукашенко, а на негова страна засега е Унгарија.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, неодамна изјави дека ЕУ темелно ќе ги разгледа односите со Белорусија и оцени дека претседателските избори во таа земја не биле ниту слободни, ниту фер.
Инаку, во Белорусија на 9 август се одржаа претседателски избори, на кои Лукашенко обезбеди нов мандат со над 80 проценти од гласовите.
Неговиот главен ривал, Светлана Тихановскаја, доби 10,09 проценти од поддршката на гласачите, но таа одби да ги признае резултатите од гласањето, а подоцна замина во Литванија.
После изборите отпочнаа масовни демонстрации на кои беше употребена полициска сила.
Денес, Лукашенко обвини дека во протестите учествуваат странски стурктури, злоупотребувајќи млади Белоруси.