Смртоносниот руски напад врз станбена зграда во Дњепар, во Украина е „воено злосторство“ чии сторители мора да бидат кривично гонети, соопшти денеска шведското претседателство со Европската унија.
На заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шведскиот премиер Улф Кристерсон го осуди „страшниот напад“.
„Намерните напади врз цивили се воени злосторства и одговорните за нив мора да бидат кривично гонети онолку долго колку што е потребно“, рече тој, по нападот што се случи во саботата и за кој Кремљ ја отфрла одговорноста.
Шведска и Европската унија „најостро ги осудуваат систематските и повторени напади на Русија врз цивили, цивилен имот и критична инфраструктура во Украина (…), вклучително и ракетниот напад врз зграда во Дњепаро во саботата“, рече шведскиот премиер.