ЕУ размислува за забрана на извоз на вакцини во Британија

by fokus

Европската унија би можела во следните денови да го блокира извозот на милиони дози вакцини против коронавирус во Велика Британија, што ќе претставува одговор од Брисел на големиот недостиг од резерви на вакцини во државите членки, пишува весникот „Гардијан“.

Откако британско-шведската комоанија АстраЗенека минатата недела соопшти дека ќе мора да ја намали испораката на својата вакцина за ЕУ за 60 отсто во првиот квартал поради проблеми во производството, Европската комисија најави дека ќе воспостави нов механизам за авторизација, за да им дадат овластувања на националните регулаторни тела да добијат извоз на вакцините.

Весникот наведува дека тоа предизвикува загриженост оти ќе биде загрозен континуираниот прилив на вакцината на „Фајзер“ во Велика Британија, која нарачала 40 милиони дози.

– Постои можност под одредени околности да не дозволиме реализирање на извозот, истакна еден официјален претставник.

Според анализата на компанијата „Ерфинти“, доколку Британија биде принудена да зависи само од вакцините произведени во земјата, тогаш постигнувањето колективен имунитет, за што е потребна имунизација на 75 отсто од населението, би можело да задоцни речиси два месеца.

Во Брисел велат дека одлуката на британската Влада да го блокира извозот на одредени лекови против коронавирусот е причина Брисел „да се заштити од акти на протекционизам низ светот“.

Поврзани новости