800
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот.
Како што информира Секретаријатот за европски прашања, на состанокот биле разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан.
– Се работи за дополнителни дози вон Ковакс механизмот за кои Европската унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите, се додава во соопштението