Европската Комисија започна официјална постапка против социјалната мрежа Х, порано Твитер, поради сомневање дека не ги исполнила своите обврски од Законот за дигитални услуги (DSA), со што ги прекршила правата на Европската унија.
Новата регулатива, која стапи на сила во ноември минатата година, наложува многу големите интернет платформи и пребарувачи да ја засилат својата борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност и да ги заштитат своите услуги од манипулативни техники.
Постапката ќе се фокусира на спречување на ширењето на незаконски содржини во ЕУ, на ефективноста на мерките преземени за борба против манипулацијата со информациите, особено на системот „известувања во заедницата“, како и мерките што X ги презема за зголемување на транспарентноста на својата платформа, наведува Комисијата, нагласувајќи дека приоритет ќе има темелната истрага.
X во сопственост на Илон Маск, е дел од групата големи технолошки компании под лупата на ЕУ поради новите правила воведени со Законот за дигитални услуги.