493
Новата влада, заедно со опозицијата, треба да ги остават поделбите на страна и да работат заедно на имплементацијата на итните реформски приоритети и на договорот од Пржино, а со цел да се врати земјата на евро-атлантскиот интеграциски пат, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
– Европската Унија ги поддржува реформските напори во Република Македонија, а тоа јасно ги вклучува и очекувањата од претстојните локални избори, односно нивното фер и ефикасно спроведување – додаде Коцијанчич.