536
Европската унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави за Ал Џезира високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Како што пренесе Бгнес, тој ја даде изјавата по најавата на Вашингтон за нови санкции против Москва, вклучително и забрана за увоз на енергенси.
– Нема да забраниме увоз на руска енергија. Не го следиме Бајден по ова прашање, рече Борел.
Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.
Борел исто така рече дека членството на Украина во ЕУ е можно, но нема да се случи преку ноќ.
Тој нагласи дека Украина не претставува закана за Русија, а ЕУ „нема да го турка Киев во војна со Москва“.