„Европската Унија не е задоволна од степенот со кој државата се справува со корупцијата“ порача евроамбасадорот Дејвид Гир.
Оваа негова изјава беше дадена на работниот состанок за мониторинг на постигнувањата на институциите вклучени во справувањето со корупцијата.
Тој побара и зајакнување на судските и капацитети и држење на политиката настрана од нивната работа.
„Темпото на реформи во делот на владеење на право и борба против корупција останува разочарувачко. Во извештајот на Европската комисија има јасни насоки што треба да се прави и кои се приоритетите. Сите ги знаеме, но досега премалку е постигнато. Имаме ситуација во која во одредени судски предмети веќе се застаерени – значи треба судството и обвинителството да постапуваат независно, без никакви политички притисоци за да се повраи довербата на јавноста. Многу е важно да се зајакнат ресурсите на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ова е потребно за да се зголеми бројот на правосилни пресуди за корупција на високо ниво вклучувајќи и конфискација на незаконски стекнат имот“, рече Дејвид Гир.
Слабости призна и вицепремиерката за добро владеење – Славица Грковска.
„За жал, последниот извештај на ДКСК покажува на слаба реализација на Стратегијата што не би смеело да се повтори. Сите овие сигнали јасно укажуваат дека секоја засегната институција мора сериозно да си го преземе својот дел од обврските и одговорностите и со целиот свој капацитет да се вложи во нивно исполнување, меѓу другото заедно со секоја институција. Институциите мора да бидат и поодговорни и поагилни зошто од вас зависи и од сите нас зависи прогресот на државата“ рече Грковска.