Европската унија нарача повеќе од 180 милиони дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“, прилагодена за варијантата Омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен рече дека лидерите на ЕУ активирале клаузули во договорите потпишани со производителите на вакцини што им дозволуваат да побараат развој на адаптирана вакцина во рок од 100 дена.
Таа додаде дека регулаторот за лекови на ЕУ работи на евалуација на адаптираната вакцина. Исто така, истакна дека Европа сега може да произведува 300 милиони дози вакцини секој месец.
– Со повеќе од милијарда дози испратени до остатокот од светот, ЕУ е најголемиот извозник на вакцини против Ковид-19, додаде Фон дер Лајен и притоа побара од земјите на ЕУ да ги забрзаат кампањите за вакцинација по појавата на Омикрон.