Европската унија мора брзо да одговори на потребите на своите граѓани и да активира „невидени“ ресурси за спречување на пандемијата со Ковид-19 што ја загрозува демократијата на континентот, оценија претседателите на парламентите на шест држави членки.
Тежината на ситуацијата бара да се мобилизираат невидените ресурси во духот на солидарноста што е во основата на европската интеграција, особено во еврозоната“, напишаа тие во апелот до претседателите на главните институции на ЕУ. Наша обврска е да покажеме дека ЕУ и сите нејзини членки се решени конкретно и брзо да одговорат на очекувањата и потребите на нашите народи“ во околности што „ја загрозуваат самата стабилност на нашите демократии“, додадоа потписнички од Франција, Шпанија, Грција, Италија, Луксембург, Португалија и Словенија .
Во исто време, тие бараат да се зајакне „европскиот индустриски суверенитет со цел да се произведат стоки и материјали што се неопходни за јавното здравство“, како и „механизмите на солидарност“ за поефикасна борба против пандемијата.