563
На пленарната седница на Европскиот Парламент утрово високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека за ЕУ Александар Лукашенко не е легитимен претседател, јави дописничката на МИА од Брисел.
-За ЕУ е јасно, сметаме дека изборите во Белорусија беа фалсификувани, и Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија, изјави Борел пред европратениците утрово.
ЕУ смета дека најдобро решение е да се повторат изборите во оваа земја под надзор на ОБСЕ. Унијата упати недвосмислена поддршка за демонстрантите во Белорусија, како и за граѓанското општеството.
Европската Комисија мобилизира 53 милиони евра за поддршка на жртвите на насилството на белоруските власти.