ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5 милијарди евра приход од замрзнатите руски средства, изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Таа на платформата Х напиша дека овие средства ќе бидат наменети за одбрана и обнова на Украина.
„Нема подобра употреба на ресурсите на Кремљ од тоа да се направат Украина и цела Европа побезбедно место за живеење“, рече Фон дер Лејен.
Земјите-членки на ЕУ ги разгледуваа опциите за продолжување на периодот на обновување на санкциите против фондовите на руската централна банка за да обезбедат голем заем од Г7 за Украина, објави во средата Ројтерс, повикувајќи се на нацрт документот на Унијата и изјави од дипломатски извори.
„Фајненшл тајмс“ во средата објави дека амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ би можеле да одобрат замрзнување на средствата на руската централна банка на неодреден период. Весникот наведува дека предлогот на Европската комисија вклучува продолжување на санкциите од шест месеци на неограничен рок.