Европската унија ќе обезбеди вкупно пет милиони евра хуманитарна помош за луѓето погодени од конфликтот во Нагорно-Карабах, објави ЕУ.
-Мораме да бидеме подготвени да ги поддржиме илјадниците кои решија да го напуштат Карабах, особено затоа што претстојната зима најверојатно ќе ги изложи бегалците на дополнителни предизвици, рече европскиот комесар за кризи Јанез Ленарчич.
Брисел се надева дека финансиската поддршка ќе им помогне на околу 25.000 луѓе во регионот
-Европската унија драстично ја зголемува својата хуманитарна помош во регионот за да обезбеди итна помош на оние на кои им е потребна, како во енклавата Нагорно-Карабах, така и на луѓето сега раселени во Ерменија, додаде тој.
Минатата недела комисијата ја објави првата транша помош од 500.000 евра. Брисел се надева дека финансиската поддршка ќе им помогне на околу 25.000 луѓе во регионот, преку обезбедување финансиска помош, засолниште и храна преку хуманитарни организации кои се активни на терен.