ЕУ ќе ја вооружи Украина и ќе забрани руски авиони и медиуми

by Fokus

Европската Унија објави дека има намера да почне со испорака на оружје за Украина, што е првпат во нејзината историја да преземе таков чекор.

Говорејќи на прес-конференција попладнево, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен рече дека потегот означува „пресвртница“.

Таа, исто така, најави серија нови санкции насочени кон Русија и Белорусија, како и забрана за Русија да го користи европскиот воздушен простор.

Фон дер Лаен рече дека блокот, првпат во својата историја, „ќе го финансира купувањето и испораката на оружје и друга опрема во земја што е нападната“.

Таа рече и дека ќе бидат воведени три нови транши санкции.

„Го затвораме воздушниот простор на ЕУ за Русите.Предлагаме забрана за сите авиони што се во руска сопственост, регистрирани во Русија и контролирани во Русија. Овие авиони повеќе нема да можат да слетуваат, полетуваат или да прелетуваат на територијата на Европската Унија, рече таа

Таа рече дека овој потег ќе ги опфати и приватните авиони на руските олигарси.

Забрана на она што Фон дер Лаен го нарече „медиумска машина на Кремљ“

-Државните Раша тудеј и Спутник, како и нивните подружници, повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин, рече таа.

„Ние развиваме алатки за забрана на тие токсични и штетни дезинформации во Европа. Режимот на Лукашенко е соучесник во злобниот напад против Украина“, рече таа.

Таа рече дека санкциите ќе бидат насочени кон „најважните сектори“ и извозни производи на Белорусија.

 

Поврзани новости