Европската комисија почна истрага за субвенционирањето на нискобуџетни авионски летови на македонските аеродроми.
Брисел е свесен за загриженоста на некои авио-компании и аеродроми на Балканот во однос на она што се случува во Македонија, за што според него, од ЕК се во контакт со надлежните власти во македонската држава.
– Соработката во авијацијата меѓу ЕУ и БЈР Македонија е водена од Заедничката европска авијациска област и во тој контекст ние не сме запознати дека некои авио-компании бараат истрага од Комисијата во однос на финансискиот поттик што Владата на БЈР Македонија можеби го дава на авио-компании што оперираат од аеродромот во Скопје. Ние сме секако свесни за загриженоста што е покрената за шемата за финансиски поттик што се дава од Владата во Скопје од 2012 на авио-компании што сакаат да ги добиваат услугите на аеродромот, истакна Јакуб Адамовиц, портпарол на Еврокомисијата, како одговор на покренатите шпекулации во јавноста во однос на македонското владино субвенционирање на функционирањето на евтината авио-компанија „Виз Ер“.