Европската унија планира да го суспендира договорот за патни визи со Русија следната недела, објави Фајненшл тајмс повикувајќи се на повеќе извори.
Ова официјално ќе биде соопштено на дводневната средба на министрите за надворешни работи, што ќе започне во Прага на 30 август. Претходно беше соопштено дека таков предлог ќе биде даден од чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.