Европската унија „ќе продолжи да воведува рестриктивни и насочени мерки против режимот“ на претседателот Александар Лукашенко по „маскенбалот“ на претседателските избори во Белорусија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос оценија дека денешните претседателски избори во Белорусија се „маскенбал“ и дека не се ниту слободни ниту фер.
Народот на Белорусија има право да одлучи кој ќе управува со нивната земја. Немилосрдната и невидена репресија на човековите права, ограничувањата на политичкото учество и пристапот до независните медиуми во Белорусија, го лишија изборниот процес од секаков легитимитет“, се вели во соопштението.
ЕУ ги повика властите веднаш и безусловно да ги ослободат сите политички затвореници, од кои повеќе од 1.000 се самоволно приведени, вклучително и еден вработен во Делегацијата на ЕУ.
„Одлуката на режимот да ја покани Организацијата за безбедност и соработка во Европа/Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) на само десет дена пред изборите, го ускрати правото на тоа независно тело пристап до клучните фази од изборниот процес. Ова е уште еден доказ за целосниот недостаток на кредибилитет на изборите“, се вели во соопштението.