343
Eвропската комисија денеска потврди дека ќе и исплати преоден кредит на Грција во висина од 7,16 милијарди евра. Со овие пари, Грција ќе треба да го отплати долгот кон Европската централна банка (ЕЦБ), кој доспева на 20 јули.
Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, објасни дека парите што ќе и бидат исплатени на Грција ќе бидат повлечени од Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕФСМ), во кој учествуваат сите 28 земји-членки на ЕУ.
Во рамки на оваа помош предвидено е Атина во следните три години да добие позајмици во износ од 86 милијарди евра.