563
Европската унија денеска ја отстрани Македонија од ковид-листата на безбедни земји со што повторно воведува построги гранични контроли за влез.
Покрај земјава, од листата се отстранети и Израел, Косово, Либан и Црна Гора.
ЕУ се обидува да ги усогласи правилата за патување во Унијата, иако членките не се обврзуваат слободно ја спроведуваат својата гранична политика.
Некои земји, како што се Германија и Белгија, веќе ги означија САД со црвено и бараат тестови на коронавирус и карантин, додека Франција и Холандија ги сметаат САД за безбедна земја.
На европската „бела листа“ сега има 17 држави, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и Нов Зеланд.