ЕУ ја суспендира помошта за Палестинците

by fokus

Европската унија суспендираше дел од помошта за Палестинците и ги разгледува своите програми, бидејќи министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува да се состанат утре за да одредат какви мерки да преземат.

– Како најголем донатор на Палестинците, Европската комисија го разгледува своето целосно развојно портфолио, во вкупна вредност од 691 милион евра – напиша денеска еврокомесарот Оливер Вархеjи на платформата Х (Твитер) и додаде:

-Поттикнувањето на омраза, насилство и глорификацијата на теророт премногу ги затруја умовите. Ни треба акција и ни треба сега.

Соопштението следи откако претставници на ЕУ изјавија дека парите на Европската комисија не оделе за проекти што ги води Хамас и дека нема дијалог со Хамас од 2007 година. ЕУ го смета Хамас за терористичка група.

Поврзани новости