704
Делегацијата на Европската унија во Скопје ја откажа средбата со невладините организации закажана за денеска, на која беа поканети и преставници на „бранителите“ на Македонија од ГДОМ.
– Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некој ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини – објаснуваат од Делагацијата на ЕУ.
Невладините организации пред неколку дена најавија дека ќе ја бојкотираат средбата заради тоа што на неа се поканети и од ГДОМ. Тие на прес-конференција денеска ќе ги образложат причините зошто ја откажале средбата.