ЕУ ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници

by Fokus

Данската биотехнолошка компанија „Баваријан нордик“ објави дека Европската комисија дала одобрение нејзината вакцина „имванекс“ да се продава како заштита од мајмунски сипаници, како што беше препорачано од Европската агенција за лекови минатата недела.

Ова следува само ден откако Светската здравствена организација го прогласи последното ширење на мајмунски сипаници за глобална итна здравствена ситуација, што е највисок степен на тревога. Досега се регистрирани повеќе од 16.000 случаи во 75 држави во најголемото ширење на вирусот надвор од Африка досега.

„Достапноста на одобрена вакцина значително ќе ја подобри подготвеноста на државите да се борат против новите болести“, изјави извршниот шеф на „Баваријан нордик“, Пол Чаплин.

Оваа вакцина претходно беше одобрена како заштита од мајмунски сипаници и во САД и Канада, додека во ЕУ, досега се користеше само за третирање на мали сипаници.

„Одобрението важи за сите членки на ЕУ, како и за Исланд, Норвешка и Лихтенштајн“, кажаа од компанијата.

Поврзани новости