ЕУ и УНДП нема да реновираат зграда во Косово, сопственикот бил соработник на фашистите

by Fokus

Проектот е спорен бидејќи сопственикот на зградата, покојниот политичар Џафер Дева, бил соработник на германските окупатори за време на Втората светска војна.

Европската унија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја повлекоа поддршката за проектот за реновирање на зграда во град на северот на Косово, бидејќи е поврзан со политичар кој бил соработник на нацистичкиот режим.

ОН и ЕУ се откажуваат од учество во реновирањето на историската зграда во Митровица, се вели во заедничко соопштение.

Зградата, која е уникатен пример на европскиот модернизам од 1930-тите, требаше да се пренамени во културен центар.

Проектот е спорен бидејќи сопственикот на зградата, покојниот политичар Џафер Дева, бил соработник на германските окупатори за време на Втората светска војна.

Дева бил основач на СС дивизијата Скендербег, која регрутирала Албанци.

– УНДП и Европската Унија длабоко жалат за ненамерната навреда нанесена со најавата дека ќе започнат со реконструкција, игнорирајќи ја историската позадина на Џафер Дева, се вели во соопштението.

Поврзани новости