532
Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват кредибилни избори, порача еврокомесарот Јоханес Хан, по вчерашното го одложување на парламентарните избори за 5 јуни.
„Плус, тие да ги поттикнат реформските приоритети, вклучително и на медиумите“, напиша Хан на Твитер.
И амбасадорот на САД, Џес Бејли, нагласи дека реформите во медиумите не се клучни само за изборите, туку за целото општество.
– Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат. Како медиумите и медиумската сфера ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори – рече тој.