ЕУ и натаму без договор за ембаргото на руската нафта

by Fokus

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија не успеаја ниту денеска да постигнат согласност околу шестиот пакет санкции против Русија.

Комитетот на постојаните претставници (Coreper) се обиде денеска попладнето на повеќечасовен состанок да постигнат консензус за шестиот пакет санкции против Русија, кој вклучува забрана за увоз на нафтата, но без успех.

Според информациите, новиот состанок на амбасадорите е предвиден за понеделникот претпладнето.

Поврзани новости