ЕУ и Фајзер потпишаа нов договор за нови дополнителни 1,8 милијарди вакцини

by Fokus

Европската унија денеска потпиша нов договор со компанијата Фајзер/БионТек за набавка на 1,8 милијарди дози од вакцината против ковид-19 за периодот од 2021 до 2023 година, што ќе ги покрие залихите, донациите и препродажбата на дозите, објави Европската Комисија.

-Среќна сум што можам да објавам дека @EU_Commission штотуку одобри договор за загарантирани 900 милиони дози (можни +900 милиони) со @BioNTech_Group и @Pfizer за периодот 2021-2023 година“, напиша шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер.

-Понатаму ќе следати други договори и други технологии за вакцинирање, најави таа.

ЕК претходно објави дека во јули ќе има доволно вакцини за 70 проценти од возрасната популација на ЕУ.

Во вториот квартал, земјите-членки на ЕУ треба да добијат вкупно околу 410 милиони дози, најмногу од Фајзер/БионТек – 250 милиони, 70 милиони од АстраЗенека, 55 милиони од Џонсон&Џонсон и 35 милиони од Модерна.

Поврзани новости