Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано ги повика властите во Приштина веднаш да ја одложат примената на одлуката за регистарските таблички и продолжување на процесот на пререгистрација на возилата, јавува Албаниан пост.
Стано, според медиумот, побарал од Приштина да запре со казнување на граѓаните кои имаат автомобили со српски регистарски ознаки.
-Тоа значи продолжување на процесот на пререгистрација на возилата веднаш, истакнал Стано за „Албаниан пост“.
Тој исто така рекол и дека двете страни имаат одговорност да обезбедат мир и да се воздржат од акции кои ќе значат ескалација на тензиите.
Повлекувањето на српските претставници од косовските институции за портпаролот на ЕУ не е решение за актуелните спорови, но, како што рече, има потенцијал за ескалација на терен.