ЕУ го осуди насилството врз демонстрантите во Србија

by Fokus

Европратениците изразија загриженост и ја повикаа Србија да ги истражи извештаите за третманот на виетнамските работници во фабриката Линглонг во Зрењанин.

Во резолуцијата усвоена вчера европратениците, исто така, го осудија насилството на „екстремистичките и хулиганските групи“ врз луѓето кои мирно протестираа на еколошките демонстрации во последните недели во Србија.

Покрај тоа, европратениците исто така изразуваат жалење за количеството на сила што полицијата ја употреби против демонстрантите.

Првата реакција од Белград дојде од кабинетот на Александар Вулин, министерот за внатрешни работи на Србија. Тој недвосмислено ги отфрли оценките на европратениците. „

-Пратениците на Европскиот парламент не се прашуваат ништо во нивните земји, па сакаат да ги залечат своите фрустрации во Србија, рече Вулин во изјавата објавена непосредно по гласањето за Резолуцијата за Србија на седницата во Стразбур.

 

Поврзани новости