448
Европската Унија го одобри десеттиот пакет санкции против Русија на годишнината од инвазијата на Москва на Украина, соопшти вечерва шведското претседателство со ЕУ.
„Заедно, земјите-членки на ЕУ ги воведоа најсилните и најдалекусежни санкции досега за да ѝ помогнат на Украина да победи во војната. ЕУ е обединета со Украина и со украинскиот народ. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, објави шведското претседателство со ЕУ на Твитер.
Пакетот вклучува построги ограничувања за извоз на стоки со двојна употреба и мерки против субјектите кои поддржуваат војна, шират пропаганда или снабдуваат беспилотни летала што ги користи Русија.