Европската унија усвои мерки против Косово за непреземање активности за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, а за тоа беа информирани институциите и владата на Косово на 28 јуни, соопшти ЕУ.
Неименуван портпарол на ЕУ за приштинските медиуми потврди дека работата во работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација е привремено прекината, Косово исто така нема да биде покането на состаноци на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат прекинати.
Потврдено е дека програмирањето на средствата за Косово во рамките на ИПА 2024 е суспендирано, додека предлозите презентирани од Косово во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан не беа доставени на разгледување до Комитетот на инвестицискиот фонд на состанокот одржан на 29 и 30 јуни.
Стапувањето на сила на овие мерки вчера веднаш го потврди и комесарот за проширување Оливер Вархељи, кога посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан.
Според портпаролот на ЕУ, мерките воведени во Косово се привремени и реверзибилни во зависност од настаните на терен и одлуката за деескалација што може да ја донесе премиерот на Косово, Албин Курти.