ЕУ ги спушти знамињата на половина копје: Ние сме посилни од омразата и теророт

by fokus

Знамињата на ЕУ беа спуштени на половина копје пред седиштето на Европската комисија во Брисел во знак на солидарност со Франција и Австрија.

Европската комисија на денешната редовна прес-конференција одржа едноминутно молчење во чест на  жртвите на терористичките напади во Франција и Австрија.

„Европа е со вас. Презедовме активности за запирање на тероризмот во сите негови форми и оваа борба ќе продолжи да биде приоритет за нас. Ние сме посилни од омразата и теророт, наведува Комисијата на Твитер.

Поврзани новости