ЕУ ги продолжува санкциите за Босна и Херцеговина

by Fokus

Советот на ЕУ доцна синоќа одлучи да ја продолжи постоечката рамка за санкции поврзана за поткопувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Оваа рамка овозможува да се санкционираат лица и ентитети кои ги загрозуваат интегритетот, суверенитетот, и уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Рамката се продолжува до 31 март 2024. Со оваа рамка ЕУ може брзо да изрече санкции рестриктивни мерки против било кој што ја доведува стабилноста и безбедноста на БиХ во прашање или го нарушува Дејтонскиот договор.

Одлуката е донесена во ситуација на војна во Украина и ризик по стабилноста на БиХ со оглед на позициите на лидерите на Република Српска, каде реториката против единството на БиХ се засилува со месеци.

Во случај на активирање на овие санкции ЕУ има опција да замрзне имот и да забрани патување во ЕУ на лица и ентитети, како и да воведе забрана да им се ставаат било какви финансии од ЕУ земји на располагање на санкционираните.

Истовремено, ЕУ одлучи и да ја зајакне својата операција во Босна, мисијата Алтеа.

 

Поврзани новости