ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија, поради војаната во Украина

by Fokus

БРИСЕЛ – Европската унија денеска одлучи да ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци, до 31 јануари 2024 година, поради воената агресија на таа земја врз Украина, се наведува на веб-страницата на Советот на ЕУ.

„Овие санкции, за прв пат воведени во 2014 година како одговор на руските дејствија што доведоа до дестабилизација на ситуацијата во Украина, значително се проширени од февруари 2022 година, како одговор на неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Русија против Украина“, се наведува во соопштението.

Се додава дека санкциите се однесуваат на голем број сектори, вклучувајќи трговија, финансии, технологија, стоки со двојна употреба, индустрија, транспорт и луксузни стоки.

Поврзани новости