ЕУ да го исполни ветувањето кон Западен Балкан, да преземе чекор и да докаже дека сме сериозни, порача австриската министерка

by Fokus

Австриската министерка за ЕУ, Каролине Едштадлер ја повика Европската унија да преземе чекори доколку сака своите зборови за солидарност кон Западен Балкан да ги усогласи со акции. Нејзиното барање е во пресрет на објавувањето на извештаите за напредокот на земјите што е закажано за утре во Брисел.

Таа предлага одржување на меѓувладини конференции со Македонија и Албанија на почетокот на следната година.

„Ниту еден од овие чекори не ги поштедува земјите од исполнување на критериумите пред евентуално членство во Унијата. Во оваа фаза ЕУ треба да преземе чекор и да обезбеди доказ дека сме сериозни за европската иднина на регионот. На шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија им е ветена иднина во ЕУ уште пред 20 години. Преговрите се отворени со четири земји, но сите се закочени. Неопходните реформи сѐ уште се отворени, а големи проблеми остануваат нерешени. Но, на крајот, процесот на проширување значи давање и земање. Промените барат мотивација и политичка волја. Населението во регионот на многу места повеќе не верува во реалната можност за пристапување и се приближи кон руските или кинеските наративи. Затоа ЕУ мора да преземе водство на Западен балкан и да даде нов моментум во пристапниот процес“, вели Едштадлер.

Поврзани новости